Share this page

МФК започнува со спроведување на проектот за решавање на долговите и излегување на деловните субјекти во Македонија

Скопје, Македонија, 30 мај 2018 година — МФК, членка на Групацијата Светска банка ги здружи силите заедно со Министерството за економија на Република Македонија и владата на Швајцарија за започнување на проектот за подобрување на деловната клима во земјата преку зајакнување на нејзиниот систем за несолвентност.    
Проектот за решавање на долгови, кој ќе биде спроведен во наредните четири години, се очекува да ги намали ризиците за кредитирање и да доведе до поголемо кредитирање, што ќе помогне во зачувувањето на постоечките и создавање на нови работни места. Проектот ќе ги опфати правните и регулаторните реформи, а ќе обезбеди и услуги за градење на капацитети и кампања за подигање на јавната свест.  
„Целта на проектот за решавање на долговите и излегување на деловните субјекти е да се надминат сегашните пропусти во рамката за инсолвентност“ рече Крешник Бектеши, Министер за економија. „Нашата цел е промовирање на опкружување кое е поволно за деловните субјекти преку создавање на ефикасна заштита за деловните субјекти и инвеститорите.“
Стабилните режими за инсолвентност им овозможуваат на деловните субјекти да соработуваат со взаемна доверба. Системот за солвентност, кој функционира правилно, може да се користи како делотворен последен избор за решавање на долговите или, во случајот на должниците, како штит за деловните субјекти кои се соочуваат со привремени финансиски потешкотии. Механизмот за забрзано решавање на инсолвентноста ќе им помогне на вторите да преговараат за привремено олеснување и да се договорат за условите за разрешување на долгот вон судовите и однапред.
„Ефикасниот систем за разрешување на долговите обезбедува подобра алокација на капиталот за деловните субјекти и спречува настанување на нефункционални кредити“ рече Томас Лубек, регионален раководител на МФК за Централна и Југоисточна Европа. „Резултатот е зголемен поврат за доверителите и подобра заштита за економски одржливите компании.“
Проектот ќе се спроведува во партнерство во владата на Швајцарија, претставена од страна на државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО).
За МФК
МФК, е членка на Групацијата Светска банка, е најголема глобална развојна институција фокусирана на приватниот сектор на пазарите во развој. Соработувајќи со повеќе од 2.000 деловни субјекти ширум светот, го користиме нашиот капитал, експертиза и влијание за создавање на пазари и можности во најтешките делови од светот. Во фискалната година 2017, испорачавме рекордни 19,3 милијарди долари како долгорочно финансирање во земјите во развој, искористувајќи ја моќта на приватниот сектор да помогне во ставањето крај на сиромаштијата и поттикнување на заедничкиот просперитет. За повеќе информации, посетете ја www.ifc.org
Бидете постојано поврзани
За повеќе информации за Министерството за економија, ве молиме посетете: www.economy.gov.mk/
За СЕКО
Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) е центар на компетенции на швајцарската конфедерација за сите прашања поврзани со економски политики, вклучувајќи економски развој и соработка. Швајцарија ја поддржува Македонија во демократското управување, вработување и економскиот развој, како и инфраструктурата и животната средина. СЕКО и СДЦ, за кои Македонија е приоритетна земја, заеднички ја дефинираат и спроведуваат Стратегијата на Швајцарија за соработка во Македонија. Од 2017 до 2020 година, околу 76 милиони швајцарски франци се наменети за транзициската соработка на Швајцарија со Македонија од кои 26 милиони швајцарски франци се од СЕКО.
За повеќе информации ве молам посетете ја:   www.swiss-cooperation.admin.ch/macedonia